Во куќа во Србија пронајдени безживотни тела на двајца мажи

Постар човек и неговиот син се најдени мртви во куќа во српскиот град Зајечар, јавуваат српските медиуми.

Случајот го пријавиле соседите, кои пријавиле дека се шири непријатна миризба од куќата, при што на лице место дошла полицијата, и го затекнала ужасот. Случајот бил пријавен синоќа во 19:30 часот.

Се вчитува...

На лице место веднаш пристигнале форензичари, а телата се предадени на обдукција, која ќе покаже како настанала смртта.