Лифт во кој се превезувале четворица лекари од Брзата помош паднал од приземје во подрум во зграда во скопска Кисела Вода. Четири лица се здобиле со повреди.
Информациите од терен велат дека до несреќата дошло откако пет лица (4 лекари и член на потесното семејство на пациентот каде оделе) се качиле во мал лифт, предвиден за две до три лица.
Лифтот не бил означен дека е за три лица, туку тоа граѓаните од зградата го истакнале при спасувачката акција.
Спасувачката акција започнала со јавување на единствениот број за итни случаи 112 по што итно биле известени Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје и Сектор за Внатрешни Работи – Скопје“, но лекарите во паника прво им кажале погрешна адреса, а потоа и точната.