Македонија

Во Македонија доаѓаат теренски возила и воздухоплови – Унгарија испраќа поддршка!

Во Македонија доаѓаат теренски возила и воздухоплови – Унгарија испраќа поддршка!

Поддршка во гаснењето на пожарите пристига и од Унгарија.

Во Македонија пристигнуваат теренски возила и воздухоплови.

Оваа вест ја објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил.

„Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите. Помошта од Унгарија е од големо значење“, напиша Муцунски.

Како што вели, изразил голема благодарност за солидарноста и ја нагласил, важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти.

„Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии“, напиша Муцунски на фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни