Во Македонија гласале колку едно село Бугари, победи Румен Радев

Изборите за бугарскиот Парламент во Македонија поминаа со значително слаб интерес. Според бугарските медиуми, ова главно се должи на законските ограничувања за бројот на избирачки места надвор од Европската Унија, што ја оневозможи истата изборна активност како на претходните избори.

Резултати од гласањето во Македонија

Во Македонија на изборите излегле симболичен број гласачи – вкупно 463 граѓани во сите пет изборни единици. Според податоците од Изборната комисија, распределбата на гласовите во Скопје, Битола, Струмица, Охрид и Прилеп е следна:

  • Прогресивна Бугарија (партија на поранешниот претседател Румен Радев): 160 гласа;
  • Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ): 91 глас;
  • Преродба (Възраждане): 63 гласа;
  • ГЕРБ: 61 глас.

Драстичен пад на активноста во Турција

Во Турција е забележан уште подрастичен пад на излезноста. Поради законските измени со кои се ограничи бројот на гласачки места на 27 (што е за четири пати помалку во споредба со претходните избори), вкупниот број на гласачи изнесува околу 24.000 – речиси двојно помалку отколку пред две години.

  • ДПС (Движење за права и слободи): 50,7% (12.125 гласови);
  • АПС (Алијанса за права и слободи): 22% (5.268 гласови);
  • Прогресивна Бугарија: 18,4% (4.399 гласови).

Намалениот број на избирачки места предизвика долги редици и незадоволство меѓу гласачите во Истанбул. Некои граѓани чекаа повеќе од еден час за да го пополнат правото на глас, а многумина изразија загриженост дека со овие ограничувања се нарушува еднаквоста на бугарските граѓани кои живеат во странство.