Балкан

Во Малта заплена на 144 килограми кокаин кој требало да заврши на Балканот

На пристаништето Фрипорт во Малта, царинските служби запленија 144 килограми кокаин чија што цел била Балканот, поточно Албанија и Црна Гора.

Кокаинот бил спакуван во 120 пакетчиња, скриени во три контејнери. Вредноста на пратката се проценува на повеќе од 15 милиони евра.

Запленетата дрога во Малта стигнала пристигнала од Јужна Америка. Два контенјнера требало да бидат испорачани во албанското пристаниште Драч, додека еден во Црна Гора.

Ова е трет случај на спречен шверц на кокаин во Малта овој месец, а чија дестинација требало да биде Албанија.

The post Во Малта заплена на 144 килограми кокаин кој требало да заврши на Балканот appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни