Свет

Во напад на „Исламска држава“ загинаа шест курдски борци во Сирија

Во напад на „Исламска држава“ загинаа шест курдски борци во Сирија

Шест припадници на безбедносните сили предводени од Курдите се убиени денеска во самоубиствен напад на Исламска држава врз безбедносен центар во сирискиот град Рака. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на шефот на Сириските демократски сили поддржани од САД.

Еден бомбаш самоубиец е убиен, а друг е приведен, изјави шефот на медиумскиот центар на курдските формации.

Исламска држава зазеде големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година, вклучително и Рака, каде што го воспостави своето седиште на моќ, но откако ја изгуби својата последна значајна територија во Сирија во 2019 година, се потпира на герилски напади.

Во големиот исламистички напад врз затворот Ал-Сина, управуван од Сириските демократски сили, во сирискиот град Хасака во јануари, загинаа околу 500 луѓе, вклучително и 374 лица поврзани со групата Исламска држава и десетици борци и чувари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни