Свет

Во несреќа во Венеција загина и Хрватка: Била на меден месец

Во несреќа во Венеција загина и Хрватка: Била на меден месец

Италијанските медиуми јавија дека меѓу загинатите во тешката несреќа во Венеција, кога автобусот паднал од надвозник, има и хрватски државјанин. Хрватските медиуми јавуваат дека станува збор за млада жена која била бремена и на меден месец со сопругот.

Хрватскиот Индекс објави дека починала 24-годишна хрватска државјанка која била бремена и била на меден месец во Италија со сопругот. Нејзиниот сопруг е тешко повреден и се наоѓа на интензивна нега.

Според медиумите, станува збор за млад пар од Сплит, кој се венчал пред само три недели.

Од 21 загинат, пет се украински државјани, Германец, Французин и Италијанец. Сите патници беа гости на кампот Ху во блискиот град Маргера, каде што се враќаа по посетата на Венеција.

Меѓу 15-те повредени има и четиригодишно девојче, кое било пренесено во болница во Падова. Во болницата во Тревизо се пренесени уште девет пациенти, од кои пет се малолетни, а другите 12 се во најблиската болница во Местре.

Несреќата се случила во вторникот вечерта околу 19:45 часот во градот Местре, на девет километри од центарот на Венеција, кога автобусот со туристи удрил во заштитната шина на надвозникот, а потоа се превртел и паднал од височина од нешто повеќе од 10. метри на покривот.

Автобусот се запалил по падот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни