Филип Стевановски кој беше дел од групата ДНК која настапуваше во дискотеката во која избувна пожар е меѓу загинатите лица.
Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ -Штип.
Стевановски свиреше во бендот „ДНК“.