Кој најмногу очекува пристигнување на вонземјаните оваа година?
Инфографикот ги прикажува резултатите од истражувањето спроведено на 24.000 возрасни луѓе ширум светот.
Се вчитува...
Се покажа дека дури 43 отсто од анкетираните во Индија очекуваат доаѓање на вонземјани. По Индија, доаѓање чекаат и 38 % од Саудиска Арабија, 36 отсто во Обединетите Арапски Емирати.
По нив следуваат и Тајланд со 29 отсто, Колумбија со 26 отсто, Кина со 25, Перу 23, Индонезија 22, Мексико 21, Турција 20.
Македонија ја нема на списокот, па се чини дека Македонците (засега) не очекуваат посети од вселената.
