Македонија

Во овој град во Македонија денес беше најтопло!

Во овој град во Македонија денес беше најтопло!

Максималните температури денес беа 21 Попова Шапка, 27 Крушево, 28 Лазарополе, 29 Маврови Анови, 30 Берово, 31 Претор, 32 Охрид, Крива Паланка, 33 Прилеп, 34 Тетово, 35 Битола, Виница, Штип, 36 Кавадарци, 37 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 38 Велес.

Времето утринава имаше мало наоблачување кое претпладне са намалуваше. Од пладневните часови е претежно сончево со мала облачност во планинските делови од земјата. Во регионот на Штип и на повисоко покрај Свети Николе дува умерен променлив ветер.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Времето утре ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8

Во Скопје Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни