Свет

Во песочна бура во Индија загинаа 47 лица

Брзината на ветерот достигна до 50 километри на час. Бурата предизвика разурнување на домови, а ги оштети и далноводите во државите Мадхија Прадеш, Гујарат, Махараштра и Раџастан, која е најпогодена од бурата, при што загинаа 24 луѓе.

Најмалку 47 лица загинаа во денешната песочна бура, пропратена со грмежи и дожд што ги зафати централните и западните делови Индија.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди на Твитер изрази сочувство и најави помош за семејствата на жртвите.

МИА

The post Во песочна бура во Индија загинаа 47 лица appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни