Во петок и сабота локални врнежи од дожд

Сончево и топло со мала облачност. Во текот на ноќта ќе има локално зголемена облачност и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=26°C. P=982hPa. U=30%. V=3m/s.

Следува период на променливо облачно и посвежо време. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.