Македонија

Во почвата во Тетово, утврдено присуство на арсен два пати над дозволеното

Истражувањето кое го спроведели еколошки организации „Вила Зора од Велес и Еко Герила од Тетово покажало дека почвата во тетовско содржи арсен два пати повеќе од дозволеното. Според нив примероците на почва и на земјоделски култури земени од нива во околина на „Југохром“ во Јегуновце била утврдена висока концентрација на арсен, додека останатите испитувани вредности, меѓу кои и концентрацијата на олово биле во рамки на нормала.

Истражувањето на „Вила Зора“ и „Еко Герила“, поддржано од УСАИД, ќе продолжи да се спроведува и на други локации во тетовскиот, скопскиот и кавадаречкиот регион и има за цел да ги утврди најдобрите начини за ремедијација на загадените почви во државата, посебно онаму каде постои производство на храна.

Според нивните досегашни опитни истражувања во Велес и неговата околина, се покажало дека садењето на маслодајната репка дало најдобри резултати, со чистење на тешките метали од почвата, загадена од велешката Топилница, за три до пет години.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни