Македонија

Во полициската станица во Пробиштип ќе биде поставена биста на Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во „Пулс“

Во полициската станица во Пробиштип ќе биде поставена биста на Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во „Пулс“

Утре, на 27.09.2025 година, во 10:00 часот, во кругот на полициската станица во Пробиштип ќе се одржи свечена церемонија за откривање на спомен-бистата на Тоше Тодоровски. Тодоровски трагично го загуби животот додека извршуваше работни задачи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Независниот полициски синдикат.

„Во овие тешки моменти, кога поминаа шест месеци од трагедијата и сѐ уште се чувствува длабока тага и болка, не е време за поделби. Ова е момент кој треба да не обедини сите кои сочувствуваме со семејствата кои загубија свои блиски, достоинствено да одадеме почит и да побараме правда за сите“, велат од Синдикатот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни