Свет

ВО ПРАВО ЛИ Е? Момче сакаше да седне до девојка во празен автобус, таа го одби (ВИДЕО)

ВО ПРАВО ЛИ Е? Момче сакаше да седне до девојка во празен автобус, таа го одби (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири снимка од разговор меѓу девојка и момче кои се обидело да седне до неа во празен автобус.

Видеото од нивната расправија стана вирален хит откако беше објавено на TikTok каде што е прегледано 4,3 милиони пати, а луѓето ја фалат девојката за начинот на кој таа се соочи со него.

Видеото започнува така што девојката му вели дека неговото однесување е „чудно“ бидејќи одбива да прифати дека не е во право.

Непријатен разговор

„Буквално избра да седиш веднаш до мене во празен автобус, тоа е чудно. Не се ни познаваме“, му вели таа, очигледно фрустрирана од неговото неразбирање. Наместо да отстапи, момчето не отстапува и ја прашува зошто е чудно да седи покрај тотален странец.

„Не доаѓам во автобус за да почнам да излегувам со некого“, му одговара остро и додава: „Во автобус сум да стигнам од А до Б. Не доаѓам да почнам да разговарам со…“, но тогаш типот се налутува и почнува да и вели „молчи“.

Корисниците се на страната на девојката

Откако видеото стана вирално, тие ја пофалија девојката која се бранеше.

„Таа е во право. Не форсираш муабет на некој кој очигледно сака да остане сам“, напиша еден тиктокер, додека друг се согласи: „Таа е во право, празен автобус, а ти доаѓаш да седиш до мене. Зошто?!“

@ceowally Who goes and sits next to a woman whos on her own seated on a empty bus? THE AUDACITY 😂 #fyp #ukbus ♬ original sound – Wally🧑🏽‍🎄

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни