Пожарникарите и натаму се „борат“ со неколку пожари во регионот на Преспа. Огнот има зафатено и парк за ретки птици Езерани.
Цела вечер пожарникари служби се на терен. Во моментов има најмалку три активни пожари, од кои едниот е во Националниот парк „Галичица“.
Жителите од селата велат дека сето тоа било страшно за гледање и дека поради непристапноста на теренот, тешко е да се пристапи до пожарите за да се локализираат. Дополнителен проблем прави и ветерот кој непрекинато дува на местата каде што се пожарите.
Целата сторија околу пожарите во Преспанско, ќе може да ја гледате во Информативниот магазин на ТВ21 во 18:30 часот на албански јазик, и во 19:30 часот на македонски јазик.
Ј. Пауноски