Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.
Тоа би значело дека освен на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија, ќе се отвори уште едно одделение за Онкологија во Градската болница „8 септември“, што би било дополнително олеснување за болните од рак, чии бројки во последните години алармантно растат.