Во скопско Кучково ќе се прави центар за деца кои го победиле ракот

Во Кучково ќе се гради Центар за ресоцијализација на дечиња кои го победиле ракот. Денеска беше промовиран проектот кој како што кажа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски е од големо значење за сите деца кои се соочиле со оваа болест.

„Локациски одлучивме Центарот за ресоцијализација на деца кои го победиле канцерот да се изгради на местото на постоечкиот објект на основото училиште во село Кучково кој што е изграден во 1921-та година, но истиот има одличен потенцијал за реконструкција и ревитализација, со која ќе се обезбедат сите потребни услови за изградбата на овој центар. Центарот ќе се наоѓа во централното подрачје на село Кучково на 600 метри надморска височина и во изобилство на зеленило, пасишта, дрвја и беспрекорна чиста средина и чист воздух“, изјави Стојкоски.

Во соработка со четири училишта од територијата на Општина Ѓорче Петров ќе се спроведува воспитно-образовниот процес со децата кои ќе престојуваат во регионалниот центар преку веќе разработени наставни планови и програми за основно образование. За дечињата ќе биде изработен и дигитален наставен материјал прилагоден со цел брзо совладување на пропуштениот материјал по предметите: Македонски јазик, Албански јазик, Математика и Англиски јазик.

Ќе се обезбеди психо-социјална поддршка за децата за развивање самодоверба и подготовка и враќање во нормален тек.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 23,5 милиони денари, а за да може да се реализира финансиски покрај Општина Ѓорче Петров учествуваат ЗГ САНО, Град Скопје, Општина Карпош, Општина Бутел и Општина Гази Баба.јави Стојкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното