Во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово четири лица повредени меѓу кои и малолетник

На 05.04.2025 година во 09.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучка Волково, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И.(25) излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, потоа неговиот сопатник Б.Б. и уште еден малолетен сопатник констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(56) констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното