Македонија

Во среда и четврток скрининг на населението во Трубарево со тим пулмолози

Во среда и четврток скрининг на населението во Трубарево со тим пулмолози

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија започнува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој ќе се одржи во среда и четврток (24 и 25 септември).

„Ги повикуваме жителите од Трубарево и околните населени места да се вклучат во скринингот. Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани граѓани од Трубарево и од околните населени места, особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта, посочи министерот за здравство, Азир Алиу.

Скринингот ќе опфати: комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.

„Нашата цел е да обезбедиме врвна здравствена грижа за сите граѓани. Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие ќе бидат извршени или пациентите ќе бидат упатени на Клиниката за пулмологија,“ истакна директорот на Клиниката.

Со овие превентивни активности се унапредува здравјето на населението, а посебно внимание се посветува на жителите од Трубарево каде се случи пожар во фабрика за електронски отпад.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни