Свет

Во супертајфунот Јаги во Виетнам осум лица загинаа, 187 се повредени

Во супертајфунот Јаги во Виетнам осум лица загинаа, 187 се повредени

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги на северот на Виетнам, соопштија денес локалните власти.

Во ударот, повеќе од 3.000 куќи беа оштетени, а околу 400 далноводи беа срушени, а во неколку поголеми градови, вклучително и главниот град Ханој, имаше прекин на струја и прекини во комуникацијата.

Пријавени се и штети во многу училишта, продавници и канцеларии, а најмалку 25 чамци потонаа во провинцијата Куанг Нин, јавува Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни