Македонија

Директорот си даде неотповиклива оставка – во тек инспекцискиот надзор на ДСЗИ во битолската болница

Директорот си даде неотповиклива оставка – во тек инспекцискиот надзор на ДСЗИ во битолската болница

Министерството за здравство информира дека во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.

„Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче.

Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.

Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни