Македонија

Во текот на изминатата недела 3.721 граѓанин ја користеле жичницата до Милениумскиот крст

Во текот на изминатата недела 3.721 граѓанин ја користеле жичницата до Милениумскиот крст

Во периодот од 29 април до 5 мај со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 3.721 граѓанин, односно само за време на викендот (30 април и 1 мај ) 1.980 граѓани го посетиле Водно и ја користеле жичницата.-Овој п одаток говори дека е голем бенефитот што го почувствуваа скопјани со реактивирањето на жичницата. Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот мај – септември жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 20 часот, велат од Градот.

Нагласуваат дека за возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 – во кабина се дозволува превоз на максимум четири лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.

За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп.

До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет – страницата на ЈСП Скопје, www.jsp.com.mk.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни