Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21 часот и 30 минути во регионот Ѓаково, помеѓу градовите Сатница Ѓаковачка и Потњани во Хрватска.
Од полицијата ја потврдија веста за тешката сообраќајка, но детали ќе соопштат претпладне.
Според информациите од Центарот Осиек 112, на лице место пристигнале пожарникари кои од згмечениот автомобил ги извлекувале настраданите.
Според неофицијални информации, меѓу загинатите има и две деца.
Во изминатото деноноќие на подрачјето на Осијечко-барањската жупанија се регистрирани вкупно десет сообраќајни незгоди со материјална штета во кои три лица го загубија животот, а осум се повредени.