Балкан

Во Тетово и Битола се вози без возачка дозвола

На 08.04.2019 година Полициската станица за безбедност на сообраќајот Тетово спроведе акциска контрола за откривање на непрописно паркирани возила и за откривање на лица кои управуваат возила без положен возачки испит. Притоа, биле откриени 17 погрешно паркирани возила. Покрај тоа, биле откриени и осум возачи без валидна дозвола за управување возила, еден со важечка забрана и двајца возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања.

На 08.04.2019 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа,  контролирани се вкупно 370 возила и возачи и било констатирано  дека осум возачи ја надминале дозволената брзина, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле осум возила, три возачи не користеле сигурносен појас, а три возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.

The post Во Тетово и Битола се вози без возачка дозвола appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни