Македонија

Во Тетово изгоре викендичка, прв дом на Жарко Ананчевски и бекство од градските гужви и загадениот воздух

Во Тетово изгоре викендичка, прв дом на Жарко Ананчевски и бекство од градските гужви и загадениот воздух

„Објектот кој утринава ми изгоре ми беше мојот прв дом, повеќе бев тука, отколку во градот“ , вели сопственикот Жарко Ананчевски од Тетово. Повеќе од три децении откако ја изградив куќата, речиси секој ден сум на тетовското Кале, далеку од гужвите, хаосот и загадениот воздух. Но сега објектот е пеплосан и сè што имаше во него.

„Не е викендица, јас повеќе живеам овде, јас чувам тука преку лето и стока, на горниот дел имав 200 бали сено, може и повеќе. И чекам да дојде пролет за да чувам стока. Ова за мене има големо значење, 90% сум овде и овде спијам“, рече Жарко Ананчески, сопственик на куќата.

Пожарот избувнал утринава. По пријавата, пожарната пристигнала за кратко време, но објектот веќе бил изгорен. Пламените јазици не зафатиле само дел од долниот дел на куќата.

„Од горниот дел така ми кажаа, а долу не е пробиено оти сеното спречило да навлезе пожарот, тоа е патос, греди. Штетата е голема, се е уништено. Од деведесетите наваму е објектот, јас сум од овде, од село Лавце, овде ме влече“ рече Жарко Ананчески.

Ананчески вели дека ќе ја обнови куќата, а се надева и на помош од општинските власти.

Зоран Димовски

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни