Во Тибет се бараат преживеани под урнатините

Повеќе од 400 луѓе се спасени од урнатините во Тибет, кој завчера беше погоден од силен земјотрес, соопштија вчера кинеските власти. На екстремно студени временски услови се уште се трага по непознат број. Според досегашните податоци, загинале најмалку 126 лица, а 188 се повредени.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала бил лоциран во Тингри во кинескиот Тибет, на околу 80 километри северно од Монт Еверест, највисоката планина во светот. Исто така ги потресе зградите во соседните Непал, Бутан и Индија. Спасените ја преживеаја ноќта на температури кои беа и до минус 18 степени. Притисокот врз спасувачите бил голем, а областа што ја пребаруваат е, како што пренесува Ројтерс, приближно со големина на Камбоџа. На теренот има повеќе од 14.000 спасувачи.

Снимката емитувана на државната телевизија CCTV покажува дека семејствата се сместени во редови сино-зелени шатори кои брзо ги подигнале војниците и хуманитарните работници во населбите околу епицентарот на земјотресот, каде што биле забележани стотици последователни потреси.

Кинеските власти допрва треба да соопштат колку луѓе се уште се водат како исчезнати. Во Непал, официјален претставник изјави за Ројтерс дека земјотресот уништил училишна зграда во село во близина на Монт Еверест, кое се протега на границата меѓу Непал и Тибет. Во тоа време во училиштето немаше никој.

Според првите извештаи, уништени се 3.609 куќи во регионот на Шигача, каде живеат 800.000 луѓе. Повеќе од 46.000 луѓе погодени од земјотресот беа раселени од своите домови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното