4NEWS.mk

Во товарно возило во Скопје пронајдени 30 мигранти

Вчера околу 18.00 часот во индустриска зона во с.Василево бил лишен од слобода М.О.(41) од с.Зелениково, скопско, кој управувал товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола од полициски службеници биле пронајдени 30 лица мигранти (29 од Авганистан и еден од Пакистан).

Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за М.О. било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни