Македонија

Во целост ги поддржуваме заложбите за борба против корупцијата, вели Апелација по ставањето на Беџети на „црната листа“

Во целост ги поддржуваме заложбите за борба против корупцијата, вели Апелација по ставањето на Беџети на „црната листа“

Апелациониот суд-Скопје попладнево се огласи по повод објавената црна листа и ставањето на нивниот судија Енвер Беџети на истата.

Од таму велат дека ги поддржуваат заложбите за борбата против корупцијата.

„Како единствен второстепен суд кој постапува по предмети од организиран криминал и корупција од висок профил во Република Северна Македонија, во целост ги поддржува заложбите за борба против корупцијата, која претставува закана за владеењето на правото и врши ерозија на капацитетите на судската власт и ги намалува демократските вредности.

Оттука, Седницата на судии на Апелациониот суд Скопје во целост се согласува дека бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата, во сите сегменти на државните власти, е од приоритетно значење и важност.

Судиите на Апелациониот суд Скопје со целосно изграден индивидуален интегритет и личен однос кон прашањето на корупција и судир на интереси, продолжуваат да градат отпорност кон политички и било какви други влијанија при правораздавањето, преку професионалност и транспарентност во работењето и почитување на принципите на националното и меѓународното право.

Независно, непристрасно, професионално и одговорно судство е важен столб на секоја држава, па оттука судиите на Апелациониот суд Скопје ја поддржуваат секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина, но со почитување на начелото на презумпција на невиност“, вели Апелационен суд-Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни