Свет

Во Турција уапсени 109 мигранти и тројца шверцери

Турските власти уапсија 109 мигранти како и тројца шверцери во близината на градот Измир, во моментите кога се подготвувале да ја напуштат земјата, пренесе агенцијата „ДХА“.

Турската агенција не пренесе која националност се уапсените мигранти. Еден од шверцерите бил од Палестина.

Се претпоставува дека мигрантите сакале да одат кон Грција. Турските власти потврдија дека повеќе од 500 мигранти се уапсени во перидот од 21 до 28 декември.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни