Во врска со вооружениот инцидент во Куманово, во кој беше ранет докторот Зекирја Шахини, денеска до Основното јавно обвинителство Куманово е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице. Исто така, поднесена е пријава и за поттикнување при извршувањето на истото дело против поранешната сопруга на оштетениот.
Пријавите се однесуваат на претходно испратени заканувачки пораки и закани. Сепак, индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, како и на други лица во инцидентот со пукањето, се уште се проверуваат.
Надлежниот јавен обвинител постапува по пријавите и презема соодветни дејствија за целосно расчистување на случајот.
Читај и ова:
- 1.Македонија непоразена против Белгија – го задржа првото место во групата!
- 2.Сончево време со умерен северен ветер низ земјата
- 3.Го празнуваме Светиот маченик Калистрат
- 4.Дневен хороскоп за петок, 10-ти октомври 2025 година!
- 5.Над 5 лица синоќа се тепале во познат скопски ресторан, полицијата соопшти нови детали