Македонија

Во земјава има уште 5.000 вакцини

Околу 20%, односно вкупно 3.407 граѓани кои што закажале, не се појавиле на својот термин за вакцинација, а причините засега не се познати, објави Сител телевизија.

Од таму се вели дека доколку истите граѓани повторно пројават интерес за вакцинација ваква можност ќе имаат, но кога ќе дојдат на ред во зависност од термините по старосните групи.

Инаку, во Македонија засега на располагање има околу 5.000 достапни дози на вакцини, од кои 2.500 се вакцината „Спутник В“ и уште приближно толку од вакцината на „АстраЗенека“.

Тие во моментов се наоѓаат во депото на Министерството за здравство и кои што допрва ќе треба да бидат транспортирани до пунктовите ширум земјата

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни