ВО ЖИВО Историски повраток: астронаутите од Артемис II се враќаат на Земјата

Во овие моменти, во живо се следи враќањето на астронаутите од мисијата „Артемис II“, кои по успешното обиколување на Месечината се на пат назад кон Земјата.

Капсулата „Орион“, развиена од NASA, се очекува да влезе во Земјината атмосфера со огромна брзина, што е една од најкритичните фази од целата мисија.

Токму овој дел од летот треба да ја потврди безбедноста на системите за враќање, пред следните мисии кои ќе вклучуваат и слетување на Месечината.

Милиони гледачи ширум светот го следат директниот пренос, додека научниците оценуваат дека ова е клучен чекор кон нова ера на човечки мисии во вселената.