Македонија

Водата во Крушево сѐ уште е забранета за пиење: Се чекаат клучните резултати до вторник

Водата во Крушево сѐ уште е забранета за пиење: Се чекаат клучните резултати до вторник

Крушево и понатаму останува без вода за пиење и домашна употреба.

Иако првиот примерок од анализата покажа дека водата е исправна, забраната воведена од Агенцијата за храна и ветеринарство останува на сила се додека не пристигнат резултатите од сите три последователни тестирања.

Д-р Петар Оханесијан од Центарот за јавно здравје Прилеп објаснува дека конечната одлука ќе се знае најрано до вторник:

„Првиот примерок е уреден, но за целосно укинување на забраната мора да ги почекаме и следните два резултати кои пристигнуваат во понеделник и вторник. Дотогаш, сите препораки за некористење на водата остануваат во сила.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни