Водителка стана хит на интернет: По грешка ја објави смртта на Папата, па продолжи како ништо да не се случило

Водителката на Британската медиумска мрежа ИТВ њуз во божиќната програма во живо, по грешка рече дека починал папата Франциск.

Презентерката Кајли Пентелу објави дека поглаварот на Римокатоличката црква починал додека зборуваше за неговото божиќно обраќање.

Таа зборуваше за тоа како папата го повика светот да се вакцинира и за еднаквост во дистрибуцијата на вакцините, а потоа направи грешка.

– Тој (папата) рече дека вакцините треба да бидат достапни за оние на кои им се најпотребни. Неговата смрт е објавена… о, извинете, рече Пентелу.

Нејзиниот гаф веднаш се прошири на социјалните мрежи. Таа стана предмет на шега, но многумина изразија разбирање за нејзината грешка.

„Сите грешиме, некој веднаш нека и даде пијачка на оваа водителка на вести“ – рекол новинарот на Би-Би-Си Скот Брајан, пренесува Јутарњи.

Една поранешна водителка рече дека додека работела на ITV, морала да ја вежба веста за смртта на кралицата, но ја нарекле госпоѓа Браун за да избегнат грешки.

  • Кајли влезе во историјата на телевизијата – е еден од коментарите на Твитер.