Македонија

Водовод со акција за скопјани: Долговите без камата може да се платат до 2 април

Водовод со акција за скопјани: Долговите без камата може да се платат до 2 април

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги информира граѓаните дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за доцнење со плаќање ќе трае од 17 февруари до 2 април.

Претпријатието ги повикува сите корисници со заостанат долг за потрошена вода (тужен или редовен) да ја искористат можноста за отплата на рати без камата.

„Оваа одлука не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на други државни институции основани согласно Уставот и законите, вклучувајќи агенции, фондови, јавни установи и претпријатија основани од Република Македонија, општините, градот Скопје и општините во неговиот состав“, соопштуваат од ЈП Водовод и канализација.

По завршувањето на овој период, одлуката повеќе нема да важи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни