Свет

Воен судир на границата меѓу Камбоџа и Тајланд, повредени три лица

Воен судир на границата меѓу Камбоџа и Тајланд, повредени три лица

Три лица беа повредени денес во судири меѓу армиите на Тајланд и Камбоџа на границата на двете земји.

Спорот за границата меѓу двете земји трае со години, а Меѓународниот суд на правдата ѝ ја додели спорната област, каде што се наоѓа храмот Преах Вихер, на Камбоџа во 1962 година, што често е причина за вооружени конфликти.

Утрово, во близина на храмот Прасат Та Моан Том беше отворен оган, а армиите се обвинуваат меѓусебно за инцидентот.

Камбоџанскиот премиер Хун Сен изјави дека неговата земја отсекогаш се залагала за „мирно решавање“ на проблемот што периодично ескалира меѓу двете земји и дека во овој случај „немало друг избор освен да се одговори на вооружената агресија со вооружена сила“.

Тајландската војска соопшти дека тројца цивили во покраината Сурин биле повредени кога Камбоџа испукала гранати врз станбена област, по што жителите на областа биле евакуирани.

Камбоџа неодамна ги намали дипломатските односи со Тајланд, протерувајќи го својот амбасадор, а потоа повлекувајќи го целиот свој персонал од својата амбасада во Бангкок.

Односите меѓу двете земји нагло се влошија во мај оваа година, кога еден камбоџански војник беше убиен во вооружен судир во област што и Бангкок и Пном Пен ја сметаат за нивна територија.

Министерството за одбрана на Камбоџа соопшти дека Тајланд го иницирала вооружениот конфликт и дека нејзината војска „дејствувала строго во рамките на самоодбрана, одговарајќи на неиспровоциран упад на тајландските трупи што го нарушило нејзиниот територијален интегритет“.

Тајландската амбасада во Пном Пен ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Камбоџа и да не патуваат таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни