Свет

Володимир Зеленски во среда заминува во официјална посета на Полска

Володимир Зеленски во среда заминува во официјална посета на Полска

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на 5 април ќе престојува во официјална посета на Полска, соопшти денеска неговиот советник за надворешна политика Марцин Пшидач.

Пшидач за радиото EMFF изјави дека посетата е на покана на полскиот претседател Анджеј Дуда.

Ќе има долги, детални разговори, не само за безбедносната ситуација, туку и за економската и политичката поддршка, нагласи советникот.

Пшидач најави дека во среда претседателот Зеленски ќе се сретне и со Украинците кои добија азил во Полска, на плоштадот пред палатата и музејскиот комплекс на Кралскиот замок во Варшава.

Досега, потсети Пшидач, Зеленски беше во Полска само на кратки работни посети, а последната беше на враќање од САД во декември 2022 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни