Вонредна седница на Владата утре поради очекуван пораст на цените на горивата

Поради очекуваниот раст на цените на горивата, Владата за утре во 12 часот напладне закажа вонредна седница на која ќе се разгледуваат мерки за ублажување на ценовниот притисок.

Од Владата истакнуваат дека, и покрај тоа што Македонија и натаму има најевтини горива во регионот, се предвидува во понеделник да се забележи дополнителен пораст на цените на дизелот и на бензините. Затоа, на утрешната седница ќе бидат предложени вонредни мерки за заштита на потрошувачите и ублажување на ценовниот скок.

„Константно ја следиме состојбата со цените на светските нафтени берзи и ќе преземеме соодветни чекори за да се ублажат ефектите врз домашниот пазар“, велат од Владата.