„Вообичаен училишен ден заменет со терор“: Премиерот на Шведска итно се огласи по страшното пукање во училиштето

Шведскиот стрелец во училиште Шведскиот премиер Улф Кристерсон штотуку објави изјава за пукањето во училишниот кампус во Оребро, велејќи дека „ова е многу болен ден за цела Шведска“.

„Моите мисли се со погодените и нивните семејства. Моите мисли се и со сите оние чијшто вообичаен училишен ден е заменет со терор. Да се биде затворен во училница плашејќи се за својот живот е кошмар што никој не треба да го доживее“, тој напиша тој во објавата на платформата Х.

Кристерсон вели дека владата е во близок контакт со полицијата и го следи развојот на настаните.

-Акцијата сè уште е во тек и важно е јавноста да ги следи информациите од полицијата. Ги повикувам луѓето да дозволат полицијата да работи без мешање за да може да истражи што се случило и како можеле да се случат овие ужасни злосторства, вели тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното