4NEWS.mk

Воз удри во мигрант – тешко повреден

На 20.09.2019 во 02.30 часот на железничката станица Илинден, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево – Гевгелија удрил во едно лице. Лицето, кое е најверојатно мигрант, се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни