Вистинска драма се одвивала доцна синоќа на битолските улици, кога несовесен возач наместо да застане на полициски знак, го повредил полицаецот и побегнал во непознат правец. Инцидентот е пријавен во СВР Битола околу 23:00 часот.
Според полицискиот извештај, настанот се случил на крстосницата меѓу улиците „Тошо Даскало“ и „Партизанска“ во Битола.
Газел преку полицаецот за да побегне
Полициска патрола се обидела да запре патничко возило марка „форд“ со битолски регистарски таблички. Возачот, наместо да ја почитува наредбата, решил насилно да го избегне легитимирањето.
„Истиот не застанал и со возилото поминал врз стапалото на полицискиот службеник, при што го напуштил местото на настанот“, информираат од СВР Битола.
Од полицијата додаваат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на овој напад врз службено лице.
