Возачи, внимавајте! Крадците на автомобили имаат нов трик

Ако најдете пластично шише помеѓу тркалата и браниците, бидете внимателни. Криминалците знаат дека возачите по чудните вибрации и звуци при палењето на автомобилот излегуваат да видат во што е проблемот, честопати го оставаат моторот да работи, автомобилот отклучен, а клучот за палење е во бравата, односно на централната конзола.

Според Н1, потоа крадци од периферијата влегуваат во автомобилот и го крадат (го одземат), или крадат вредни предмети од автомобилот. Овој начин на кражба стана речиси стандард во САД, а веќе се „прелева“ и на европскиот континент.

Ова ќе помогне да се заштитите:

  1. Дури и штом ќе излезете од автомобилот, исклучете го моторот, и кренете ја „рачната“ сопирачка, но земете го клучот со себе и заклучете ја колата, дури и ако излезете само за да „ѕирнете“.
  2. Имајте навика да го прегледате автомобилот од сите страни пред да започнете да проценувате дали има оштетувања, пречки или дупната гума…
  3. Доколку забележите пластично шише заглавено меѓу тркалата и браниците, бидете многу внимателни бидејќи можно е да бидете мета на крадци