Македонија

Возел 70 километри над дозволеното, МВР синоќа го фати – еве ги деталите…

Вчеравечер (6 септември) од 20 до 24 часот, на подрачјето на СВР Тетово, на неколку пункови (автопат Гостивар Тетово и магистрала Гостивар-Кичево) спроведена е засилена акциска контрола за брзина, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 30 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-11 и ГВ-19).

Едно од пречекорувањата (ГВ) било за над 70 километри на час, 10 (ТЕ-4 и ГВ-6) за 50 до 70 километри на час, а другите 19 (ТЕ-7 и ГВ-12) за 30 до 50 километри на час.

Покрај ова, на два пункта во Тетово (на влезот и во централното градско подрачје) и на улица „101“ во Гостивар, со користење на „ноќен радар“ откриени се и 35 пречекорувања на брзина (ТЕ-27 и ГВ-8) во населено место, од кои наголемиот број биле за 30 до 50 километри, а санкционирани се и 8 други видови сообраќајни прекршоци.

Вчера (6 септември ) во периодот од 5 до 20 часот, во засилена акциска контрола спроведена на поширокото гостиварско подрачје биле откриени и санкционирани 14 возачи кои непрописно престигнувале. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.

Вчера (6 септември) од 10 до 15 часот,  на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле санкционирани 8 прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-1).Седум од констатираните прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-1) се однесувале на некористење на заштитна кацига, а 1 (ТЕ) на истечена осигурителна полиса.При контролата, исто така, биле санкционирани и 34 други видови прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-22).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни