Возел со 217 километри на час низ Скопје, полицијата му напиша казна

Денеска (08.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 863 возачи.

Од нив 75 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 450 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 413 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

Поврзани вести

spot_img

Најважното