Од 15 март 2024 година, со измените на Кривичниот законик, возењето под дејство на алкохол со концентрација над 1,50 г/кг промили, возење со брзина над 50 км/ч во населено место или над 70 км/ч надвор од населено место, како и управување под дејство на дрога, психотропни супстанции или прекурзори, е дефинирано како кривично дело. Новиот член 297-а „Безобѕирно управување со моторно возило“ ги издигнува овие дејствија од прекршочна на кривична одговорност, дури и кога не се предизвикани директни штетни последици.
Во првата половина на 2025 година, МВР евидентирало 157 кривични пријави за ова дело, што е значително зголемување во споредба со 43 пријави во 2024 година. Најмногу пријави биле поднесени во Тетово (23), Прилеп (19), Кочани (13), Делчево (11) и Гостивар (10). Во август 82 лица биле лишени од слобода, најчесто поради возење под дејство на алкохол или прекумерна брзина.
Иако членот 297-а воведува кривична одговорност со можност за затвор до три години или парична казна, Јавното обвинителство укажува дека неговата целосна примена е ограничена поради недонесени законски измени на Законот за безбедност во сообраќајот. Во пракса, дел од случаите се уште се третираат како прекршоци, а правната квалификација може да се менува во текот на постапката.
Министерството за правда подготвува нови законски измени, дел од проектот „Сејф сити“ (Safe City), кои предвидуваат:
Построги санкции за возење под дејство на алкохол, дрога или психотропни супстанции.
Одземање на моторното возило со кое е сторено кривично дело.
Инкриминирање на учество во недозволени трки и управување без возачка дозвола.
Задолжително изрекување забрана за управување со возило од 1 до 10 години, со можност за престанок на важноста на возачката дозвола за одредена категорија.
Целта на овие измени е да се зајакне генералната и специјалната превенција, да се намали бројот на сообраќајни незгоди и да се поттикне одговорно и безбедно возење. За имплементацијата на новите одредби ќе се вршат обуки преку Академијата за судии и јавни обвинители, а измените ќе бидат доставени до Собранието по усвојување од Владата.
Читај и ова:
- 1.Трамп прими бустер доза против Ковид – докторите велат срцето му е 14 години помладо од хронолошката возраст
- 2.Ја исклучувате ли климата?
- 3.Менди Ќира: Ќе изградиме нови патишта, пристаниште и фестивал „Струшко лето“ – имам договор со народот
- 4.По објавата на Трамп, криптовалутите се урнаа како никогаш досега
- 5.Хороскопски знаци кои никогаш не ги исполнуваат своите ветувања