Засега во многу земји од Европската Унија е дозволено возење со 0,05 промили алкохол во крвта, но Европскиот парламент бара тоа да се сведе на нула.
Според податоците на парламентот, во 2019 година во ЕУ во сообраќајни несреќи загинале 23.000 луѓе. Парламентот на ЕУ сака да лобира максималната брзина на возилата во населените места во земјите-членки да биде 30 км/ч.
Ова ограничување го воведоа Брисел, Париз, Лион, некои градови во Шпанија итн. Истото ограничување на брзината треба да се воведе и онаму каде што се движат поголем број велосипедисти и пешаци, пишува магазинот ХАК.
Европскиот парламент во средата во Стразбур побара од земјите на ЕУ да вложат поголеми напори во однос на безбедноста во сообраќајот.
