Денеска (23.10.2025) околу 11:25 часот, во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на крстосницата помеѓу булеварот „Видое Смилески-Бато“ и сервисна улица кај трговскиот центар во Скопје.
Во незгодата, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н. од Скопје, прво удрило во четворица пешаци – Г.К.(40), М.К.(39) и две малолетнички, сите од Скопје. Потоа, возилото удрило и во семафор.
Пешаците се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани повредите.
Увидот на местото на настанот е во тек.