Возилото „Мицубиши“ на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, на денот кога девојчето беше грабнато, е забележано како се движи низ Скопје. Според снимките од системот „Сејф Сити“, во 9:15 часот, автомобилот минува на булеварот кај хотелот „Александар Палас“ и се упатува кон Момин Поток.
Во 14:28 часот, истото возило повторно е регистрирано додека се движи од Сарај кон Ѓорче Петров.
На претходните рочишта, адвокатот на Ѓорчевски изјави дека тој во паника почнал да ја бара својата ќерка, откако поранешната сопруга му кажала дека ја нема.
Денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беше фокусирано на презентирање на нови докази, меѓу кои и снимките од траекторијата на возилата во кои се движеле обвинетите.