Македонија

Вознемиреност во липковските села, за три дена 24 позитивни случаи и три починати од Ковид-19

„Во Куманово, Матејче и Слупчане се селата со најголем број на заразени со Ковид-19. ТВ21 дојде овде за да види што велат жителите на овие села, но и локалните здравствени власти.“, јавува репотерот на ТВ21.

Во Слупчане граѓаните се свесни за непочитувањето на мерките за заштита, а некои велат дека почнале да се освестуваат повеќе.

„Да кажам право, тука не треба да бидеме на ничија страна. Воопшто не се почитуваат мерките. Државата треба да преземе мерки. Да помине полиција и да казни, ако треба, по 20 евра, тогаш зошто очекуваш да останеш неказнет. Ние сите имаме семејства, внуци и правнуци дома, сега јас да бидам причината за тие да се разболат? Никогаш!“, изјави Атула Абази, жител на Слупчане.

„Сега повеќе се почитуваат правилата отколку во полицискиот час.  Сега се почитуваат повеќе. Тие мислат дека е срамота да се тестираш, но не е. Се тестираш, знаеш, ќе се изолираш 14 дена, подобро е за селото да се тестираме.“, рече Бехар Демири од Слупчане.

Мерките повеќе се почитуваат последните денови кога вирусот навлезе во селото, вели Ханумша Јашари, директорка на приватна амбуланта. Тврди дека пациентите се плашат да се тестираат или не веруваат дека постои корона вирусот, дури кажа дека кога на сомнителни случаи со Ковид-19 им закажала термин за тестирања, тие не отишле да се тестираат.

„Да, повеќето не прифатија. На почеток пациентите се плашеа дека не постои. Има и такви кои не веруваат. Велат не е вистина, тоа е само политика. Имаше случај кога јас носев пациентот да се тестира. Беше сомнителен случај, не бил изолиран, се шетал по локалите, улиците и никој не го застанал.“, вели Јашари.

Директорката Јашари, тврди дека состојбата е алармантна. Апелира жителите да бидат повнимателни а полицијата да врши повеќе контроли.

„Јас колку што познавам, има пациенти, моментално имаме три сомнителни семејства.“, рече Јашари.

ТВ21: Со колку члена?

„Има семејство со 16 члена позитивни, има семејство со 4 позитивни, сега почна скринингот кај тоа семејство и сметам дека ќе има повеќе. Има друго семејство со 4 члена и таму започна скринингот.“, вели Јашари.

Повикот за пладневната молитва во Матејче успеа да собере многу малку верници во џамијата.

-Бројката се намали за 60%. Зошто? Поради корона вирусот, имајќи предвид дека ова продолжува.

-Не, не излегуваат. Некои се болни, а ако излезат ќе ги заразат и другите, затоа не излегуваат.

-Не излегувам многу, само да купам леб и не излегувам.

Додека тимот на ТВ21  беше во Куманово, разбравме дека има 12 нови случаи во овој град, 9 се од општина Липково. Ова бројка е загрижувачка за градоначалникот Еркан Арифи, кој вели дека освен во Матејче и Слупчане, многу заразени има и во Никуштак.

„Само во последните 3 дена имавме некаде 24 позитивни случаи во општина Липково и тројца починати. Ова состојба не е направена за 3 дена туку за период од две недели. Сите граѓани кои излегуваат од дома треба да носат маска, да држат дистанца бидејќи како кај нашата општина, ваква бројка нема во ниту една рурална општина на државно ниво.“, рече Арифи.

Арифи тврди дека полицијата почна да ги казни физичките и правните лица кои не ги почитуваат мерките за заштита.

Прашан дали мислат за изолација, Арифи за ТВ21 рече дека се прават анализи и ќе се донесе одлука во координација со Централниот кризен штаб.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни